FR    IT    MK    SK    RU    UK    YU  
Franзais   Italiano   Makedoneski   Slovencina   Russkii   English   Srpski  
             
Добродојдовте   
      Ѓорѓе Иванов е роден во 1954 година во Струмица Основното образование го стекнал во Струмица, средното и академското образование го завршил во Белград, Задар, Пула и Титоград. Иванов е уметник со специфично ликовно изразување, особено на полето на иконографијата и припаѓа во редот на ретките и посебните уметници со смисла зљ детали, што, пред се, го чини врвен иконописец. Дарбата за пилотирање и за сликање во небеското царство Ѓорѓе Иванов го одвои од ова привремено материјално битисување и го вивна во сферата на духовност, достапна само за избраните. Верувам дека уметникот Иванов во својот понатамошен развој, квалитетно ќе еволуира и ќе биде вброен меѓу нашите најеминентни учетници-иконографи.
 
 
       Гослод нека му подари долг живот и многу духовна сила во понатамошното творештво. Бројот на неговите изложби во својата земја и во странство е импозантен - 40 самостојни и 8 групни изложби во многу градови низ Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словачка, Бугарија, Австрија, Италија и Франција. Доитник е на повеќе меѓународни признанија и награди, како и учесник на неколку меѓународни ликовни колонии. Живее и твори во Белград и во многу градови низ Европа.

Превод : Фроса Пејоска - Bouchereau
Webmaster : Nikola Petrovski